Тутоспорт: Ако Мбапе замине во Реал, во ПСЖ доаѓа Роналдо

Тутоспорт: Ако Мбапе замине во Реал, во ПСЖ доаѓа Роналдо

пред 3 години

Ако Килијан Мбапе се пресели во Реал Мадрид, тогаш во ПСЖ ќе дојде Кристијано Роналдо, тврди „Тутоспорт“.

Мбапе, наводно, им порачал на клупските челници дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2022 година. Ваквата одлука на младиот напаѓач ќе ги натера клупските челници да го продадат ова лето.

Мбапе се поврзува најчесто со Реал Мадрид, иако во трка за неговиот потпис би влегол и Ливерпул, односно Манчестер сити.

ПСЖ, според овој извор, донеле одлука да го донесат Роналдо, доколку Мбапе го напушти клубот.

Јувентус, испадна од Лигата на шампионите, а речиси и да нема шанси да ја одбрани титулата. Платата на Роналдо е голем товар за клубот, што би бил добар аргумент „старата дама“ да се раздели со Португалецот.

Договорот на Роналдо, исто како и оној на Мбапе, истекува во јуни 2022 година.

Share
Scroll to Top