Хилкенберг ќе им биде резерва на Фетел и Строл

Хилкенберг ќе им биде резерва на Фетел и Строл

пред 4 години

Нико Хилкенберг потпишал договор со Астон Мартин. Германецот ќе биде замената за Себастијан Фетел и Ленс Строл и ќе работи на развојната програма за наредната сезона.

Хилкенберг, вакава улога имаше и минатата сезона во Рејсинг поинт. Два пати го менуваше Строл, а еднаш Серхио Перез.

Нико Хилкенберг, во кариерата, возел 179 трки во Формула 1. Нема ниту една победа, еднаш успеал да избори пол-позиција, а два пати успеал да го вози најбрзиот круг во трката.

Во кариерата возел во Вилијамс, Форс Индија, Заубер, Рено и Рејсинг поинт.

Share
Scroll to Top