Евра: Кога Анри ќе го види Џака веднаш го гаси телевизорот

Евра: Кога Анри ќе го види Џака веднаш го гаси телевизорот

пред 3 години

Агонијата на Арсенал продолжи и синоќа во дуелот со Брајтон. Тимот на менаџерот Шон Дајч, прв пат во својата историја ги победи „топџиите“. Брајтон до минималната победа дојдоа по исклучувањето на Гранит Џака. Швајцарскиот репрезентативец, доби директен црвен картон, откако се обиде да се пресмета со еден од противниците.

Патирс Евра, во анализата на натпреварот, открил кого легендата на Арсенал Тиери Анри не може да гледа на теренот во дресот на својот омилен тим.

„Ќе ви раскажам една приказна. Еден ден Анри ме погани на гости да гледаме натпревар на Арсенал. Го вклучи телевизорот, првата сцена која ја виде беше како Џака го предводи тимот како капитен. Веднаш го исклучи телевизорот. Го прашав што се случува. Знаете што одговори? Не можам да го гледам мојот тим со Џака како капитен“, раскажал Евра.

Кога водителот му рекол дека Анри не е присутен за да го потврди ова, Евра одговорил.

„Верувајте дека ќе потврди, јас не лажам“.

По синоќешната глупост веројатно е дека се избројани деновите на Џака во Арсенал.

Share
Scroll to Top