На Мик Шумахер не му пречи споредбата со неговиот татко

На Мик Шумахер не му пречи споредбата со неговиот татко

пред 3 години

Мик Шумахер следната сезона ќе дебитира како Формула 1 возач со тимот на Хас, следејќи го примерот на својот татко, легендарниот седумкратен шампион Михаел Шумахер, но и на својот чичко, Ралф Шумахер. Тој вели дека не му пречат споредбите кои ги добива со татко му, бидејќи тоа е сосема нормално.

21-годишниот Мик, кој претходно во својата тркачка кариера дури настапуваше со псевдоним за новинарите да го остават на мир, сега вели дека ги разбира споредбите со својот 51-годишен татко.

„Сега сум океј со такви споредби. Сите прашања и споредби не ми пречат, се навикнав да живеам со нив. За мене, тој е најдобриот во историјата на овој спорт, за што даде се во својот живот. Зошто би го отфрлил тоа?“, вели Мик во интервју за „Билд“.

Михаел Шумахер не е појавен во јавноста по трагичната несреќа на скијање во 2013 година (кога бил заедно со Мик), бидејќи неговото семејство прави се што е можно да се зачува приватноста, иако е јасно дека има посериозни повреди на мозокот и тешко дека води релативно нормален живот.

Мик признава дека дебито во Формула 1 ќе биде посебен момент за семејството.

„Мислам дека ќе биде нешто посебно за сите нас, нешто со многу емоции, но би сакал да останам фокусиран и смирен бидејќи најважни се трките и работата со тимот“, додава Мик.

Share
Scroll to Top