Хименез одигра меч по 8 месеци пауза

Хименез одигра меч по 8 месеци пауза

пред 3 години

Фудбалерот на Вулверхемптон Раул Хименез го одигра денеска првиот меч откако пред 8 месеци доживеа фрактура на черепот.

Хименез го започна пријателскиот натпревар против тимот на Кру Александра и заменет беше по 34 минути.

„Осум месеци напорна работа и рехабилитација го донесоа овој момент“ напиша Хименез на Твитер.

Тој беше опериран на крајот на ноември откако заработи повреда по еден силен судар со глава со Давид Луиз, на мечот против Арсенал.

30-годишниот Мексиканец за 3 сезони со „волците“ одигра 66 натпревари и постигна 31 гол.

Share
Scroll to Top