Хрватите го носат најплатениот тренер во светот

Хрватите го носат најплатениот тренер во светот

пред 11 месеци

Хрватската ракометна репрезентација по лошиот резултат на Европското првенство во Германија остана без селектор, а сега е на чекор до пронаоѓање на нов.

Горан Перковац беше разрешен во вторникот, а ден подоцна на преговори пристигна најплатениот тренер на денешницата Дагур Сигурдсон.

Станува збор за Исланѓанец, кој е актуелен селектор на Јапонија.

Тој има договор во „земјата на изгрејсонцето“ до Олимписките игри, па во моментов се бара модел со кој порано би ја прекинал оваа соработка и би ја презел Хрватска.

Затоа што Хрватска допрва треба да се пласира на Олимписките игри во Париз.

Сигурдсон заработува еден милион евра годишно во Јапонија, што е највисока сума меѓу сите селектори во светот во моментов.

Кога би ја презел Хрватска веројатно би имал три пати помалку пари од она што моментално го добива.

Медиумите потсетуваат дека тој беше и селектор на Германија од 2014 до 2017 година и со „панцерите“ ја освои титулата европски првак.

Share
Scroll to Top