Центарот Екпе Јудо се повреди поради налепница на паркетот

Центарот Екпе Јудо се повреди поради налепница на паркетот

пред 3 години

Кошаркарскиот центар Екпе Јудо, столбот на шампионската генерација на турски Фенербахче кој сега настапува за италијанска Витрус Болоња доживеа тешка повреда на коленото откако се лизна на една налепница на паркетот.

Иако првичните наоди се дека има сериозна повреда на коленото, сепак ќе се почекаат деталните лекарски прегледи за да се востанови тежината на повредата.

Тренерот на Виртус, Серџо Скариоло беше бесен на прес-конференцијата по мечот.

„Тој е центарот околу кого се движи нашата игра. Во шок сме, загрижени сме. Треба да се размисли за налепниците и за лизгањето на кошаркарите. Ова е сериозна повреда. Во НБА лигата не случајно нема налепници“ рече Италијанецот кој претходните три сезони беше на кормилото на Торонто Репторс.

Еве како дојде до повредата на Јудо:


Инаку, Виртус сезонава освен во домашниот шампионат, ќе настапува и во Еврокупот.

Share
Scroll to Top