Првиот светски тениски рекет загуби од Надал во финалето на Мастерсот во Рим, но еден од неговите противници на патот до финалето се чини повеќе „пати“ од него.
Ѓоковиќ во текот на турнирот во Рим ја играше неговата игра – бескомпромисно, напаѓачки, а најдобриот меч на турнирот беше оној против петтиот светски тенисер, Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето.
„Беа тоа тешки денови за мене, не можев да спијам. Најверојатно ќе беше поинаку да го продолжевме мечот во петок, но не е важно, не можам да променам ништо“ објасни Циципас кој практично имаше се во свои раце.
Тој го дови првиот сет и поведе во вториот и тогаш – мечот беше прекинат поради дожд во Рим.
Кога другиот ден излегоа на земјениот терен Србинот успеа на направи пресврт, а тоа се чини оставило трага кај помладиот противник.
Циципас игра одличен тенис од почетокот на сезоната, па тој по освојувањето на турнирот во Монте Карло сака нови успеси на земјена подлога – што може да се протоклува како напад на Ролан Гарос.
„Уживам да играм на земја, не чувствувам замор, моето тело е добро. Ќе ја искористам можноста да се тестирам себе си, да видам колку далеку можам да одам“ – вели Циципас.