Шампионот падна пред Вориорс, Харден и Дурент им пресудија на Милвоки

Шампионот падна пред Вориорс, Харден и Дурент им пресудија на Милвоки

пред 4 години

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Мемфис, Бруклин, Торонто, Чикаго, Мајами и Голден стејт.

Мало изненадување претставува победата на Голден стејт Вориорс над ЛА Лејкерс 115:113. Вориорс, успеаја да ги победат шампионите, и покрај тоа што имаа негатива од 16 поени по првиот дел. Во третиот период се вратија во мечот, а во четвртиот ја изборија победата.

Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 26 поени и 7 асистенции, три поени помалку постигна Кели Убре. Кај Лејкерси се истакна Денис Шрудер со 25 поени, Леброн забележа 19 поени, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и исто толку скокови.

Бруклин Нетс во драматичен меч ги победија Милвоки Бакс со 125:123. Мечот го реши Кевин Дурент на 30 секунди до крајот, а Крис Мидлтон потоа имаше два обиди но не успеа да избори продолженија.

Џејмс Харден забележа 34 поени, 12 асистенции и 6 скока, а Кевин Дурент запиша 30 поени, 9 скока и 6 асистенции. На спротивната страна Јанис Адетокумбо го предводеше тимот со 34 поени, 12 скока и 7 асистенции, Крис Мидлтон постигна 25 поени.



Резултати:

Торонто-Далас 116:93
Чикаго-Хјустон 125:120
Мајами-Детроит 113:107
Мемфис-Финикс 108:104

Share
Scroll to Top