Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О`Нил зборуваше за новата генерација играчи кои не прифаќаат критики.
Познато е колку горостасниот центар беше незгоден и тврдоглав под обрачите, но според неговите зборови, тој секогаш ги прифаќал советите и критиките.
Тој смета дека сегашните играчи не се толерантни како што биле оние кошаркари од неговото време.
„Карим Абдул Џабар ме критикуваше и јас тоа го прифаќав. Се трудев да исправам се што тој сметаше дека е лошо. Ја подигнав играта на повисоко ниво. Денес на играчите не смееш ништо да им кажеш. Меки се како пудинг“ рече популарниот Шек во емисијата на Ден Патрик.