Шест атлетичари прогласени за најдобри во светот

Шест атлетичари прогласени за најдобри во светот

пред 9 месеци

Светската атлетика прогласи шест атлетичари за најдобри во светот во 2023 година.

Годинава за прв пат беше одлучено да не се избираат само една жена и еден маж, туку да бидат застапени сите дисциплини.

Така беа избрани најдобрите во тркачките дисциплини, најдобрите во техничките дисциплини и најдобрите во трките надвор од стадионот.

Тигисет Асефа (маратон) Јулимар Рохас (трискок) Фејт Кипјегон (1500/милја/5000 метри), Мондо Дуплантис (скок со стап), Келвин Киптум (маратон), Ноа Лајлс (100/200 метри).

Асефа, Дуплантис, Киптум и Кипјегон поставија светски рекорди, а сите на листата беа или светски шампиони или победија на голем маратон.

Share
Scroll to Top