Шефот на Мерцедес сака Ф1 фановите да се едуцираат по славењето на излетувањето на Хамилтон

Шефот на Мерцедес сака Ф1 фановите да се едуцираат по славењето на излетувањето на Хамилтон

пред 2 години

Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф смета дека Формула 1 фановите мораат да се едуцираат откако голем број на холандски фанови се радуваа и славеа по излетувањето на Луис Хамилтон на квалификациите за Австриското ГП овој викенд.

Хамилтон ја загуби контролата на својот болид во првиот летечки круг од третите квалификации и имаше тежок судир со бариерата на гуми, нешто што предизвика воодушевена реакција на навивачите на Макс Ферстапен. Ова беше целосно обратн ситуација од пред само една недела, кога Ферстапен имаше улога на „злосторник“ на Британското ГП, домашно за Хамилтон и беше исвиркуван кога даваше интервјуа.

Волф смета дека сите Ф1 фанови треба да се однесуваат со почит кон сите возачи.

„Не слушнав, ниту видов. Но, мораме да зборуваме за фановите кои се радуваат кога болидот е во ѕид, или ги свиркаат возачите кога даваат интервјуа. Иако е нормално ривалството, не ни е потребно непријателско однесување. Тоа е задолжение на сите во Ф1, колективно, сите фанови да бидат едуцирани

Share
Scroll to Top