Репрезентативецот на Словенија, Бенјамин Шешко (21), минатото лето реши да остане во Лајпциг, потпиша нов договор во кој не постои откупна клаузула.
Шешко до ова лето имаше излезна клаузула одредена на 65.000.000 евра, но таа беше отстранета кога потпиша нов договор (до 2029 година). Со новиот договор Шешко доби значително поголема плата.
Како што пишува „Скај Спорт Германија“, Шешко се согласил да се отстрани клаузулата, но од клубот му ветиле дека ќе го пуштат наредното лето клубот добие адекватна понуда. како адекватна се смета понуда од најмалку 70.000.000 евра.
Исто така, двете страни се договориле да не се разгледува ниту една понуда во јануарскиот преоден рок.
Шешко сезонава на 15 натпревари постигна седум гола и забележа три асистенции.