Шмајхел удри по УЕФА: Како можеш да играш по таков ужас?

Шмајхел удри по УЕФА: Како можеш да играш по таков ужас?

пред 3 години

Поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Данска, Петер Шмајхел ја критикуваше одлуката на УЕФА да продолжи мечот меѓу Данска и Финска откако во 43-тата минута Кристијан Ериксен „и побегна на смртта“.

Петер Шмајхел, таткото на чуварот на мрежата на Данска, Каспер, смета дека одлуката на УЕФА е „смешна“.

„Требаше да смислат друго сценарио и да покажат малку сочувство, но не го направија тоа“ изјави Шмајхел постариот за радио „ББС“.

Мечот беше прекинат, а по 90-тина минути истиот продолжи од таа 43 минута. На крајот Финска на дебито на ЕП со 1-0 славеше во Копенхаген.

УЕФА соопшти дека се сложиле мечот да продолжи на „барање на играчите од двата табори“.

Играчите имале две солуции – мечот да заврши во сабота (вчера) и денеска на пладне. Откако слушнаа дека Ериксен е при свест и комуницира, одлучија мечот да продолжи синоќа, во 20.30 часот.

Шмајхел смета дека играчите биле доведени во тешка позиција.

„Се случува нешто ужасно и УЕФА им дава можност на играчите да излезат и да играат или да се вратат на теренот во недела на пладне? Каква опција е тоа? Резултатот на мечот е потполно небитен. Како можеш да играш“ – праша Шмајхел.

Share
Scroll to Top