Ѓекереш се враќа на местото на успехот – Спротинг против Арсенал

Ѓекереш се враќа на местото на успехот – Спротинг против Арсенал

пред 4 часа

Вечерва во Лисабон, во првиот четвртфинален натпревар , во Лигата на шампионите, Споритнг ќе го пречека Арсенал.

Полни со самодоверба, фудбалерите на Спротинг влегуваат во пресметката со фаворисираниот лидер во Премиер лигата. Со елиминацијата на Боде/Глимт, „лавовите“ од Лисабон го израмнија својот најдобар резултат во ова натпреварување. Оптимизмот дополнително им го подгрева фактот дека сезонава имаат максимален учинок на домашен терен.

Арсенал, од друга страна, ќе се обиде да се опорави од неодамнешните неуспеси во домашните натпреварувања и да го покаже квалитетот што ќе им овозможи да продолжат со серијата без пораз во Европа.

Во центарот на вниманието ќе биде напаѓачот на на Арсенал, Виктор Ѓекереш, ќе се врати на стадионот на клубот за кого постигна 97 гола во 102 натпревари помеѓу 2023 и 2025 година пред да се пресели во Лондон.

Единствениот двомеч меѓу овие два тима заврши со пласман на португалскиот клуб по изведување на пенали во осминафиналето на Лигата на Европа на УЕФА, во сезоната 2022/2023.

Спортинг победи во девет од десет претходни натпревари против англиски тимови во натпреварувањата на УЕФА, а нивниот единствен пораз беше против Манчестер Сити во сезоната 2021/2022.

Сепак, португалските клубови ги загубија сите девет натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите против тимови од Премиер лигата.

Спортинг се стреми да стане првиот португалски клуб што ќе стигне до четвртфиналето на Лигата на шампионите по Порто во сезоната 2003/2004, кој тогаш го освои трофејот.

Од друга страна, Арсенал сè уште ја брка својата прва титула во ова натпреварување.

Share
Scroll to Top