Во англиската репрезентација ова не се случило од 1963 година

Во англиската репрезентација ова не се случило од 1963 година

пред 4 години

Англија во контролен натпревар го победи Велс со 3:0. Тројца фудбалери синоќа по прв пат постигнаа гол во дресот на националниот тим.

Серијата на голови ја отвори Доминик Клаверт-Лувин во 26 минута. Напаѓачот на Евертон ја потвврди неверојатната форма во која се наоѓа, во првите шест натпревар во сезоната тој постигнал девет голови.

На 2:0 во 53 минута зголеми дефанзивецот на Вулверхемптон Конор Коди, а десет минути подоцна напаѓачот на Саутемптон Дани Ингс го постави конечниот резултат.

Калверт-Лувин синоќа дебитираше за Англија, додека Ингс и Коди втор пат играа во дресот со државниот грб.

Последен пат тројца играчи на еден натпревар прв пат погодиле за Англија во далечната 1963 година во триумфот над Швајцарија 8:1.

Share
Scroll to Top