Запознајте го бебето Гризман Мбапе

Запознајте го бебето Гризман Мбапе

пред 2 години

На 1.јануари во Атакама, Чиле се родил Гризман Мбапе.

Очигледно е дека родителите на бебето се фанови на француските репрезентативци. Инаку информацијата ја открија од болницата Копијаро на Твитер.

„Со голема љубов ја поздравуваме Теодора Пакахе, по повод раѓањето на нејзиното прво дете Гризман Мбапе на 1.јануари во 21.09 часот. Тоа е прво дете кое е родено во болницата во 2022 година“.

Инаку, во 2018 година, на родители во Франција, власите не им дозволија нивниот син да се вика Гризман Мбапе. Им објасниле дека во иднина името би можело да има негативно влијание.

Share
Scroll to Top