Ѓоковиќ го „доби“ Рубљов само во кршење јајца, имаше „тотален“ колапс во Белград

Ѓоковиќ го „доби“ Рубљов само во кршење јајца, имаше „тотален“ колапс во Белград

пред 2 години

На Велигден, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го добие необичното кршење со јајца пред стартот на финалето на домашниот Белград опен против Русинот Андреј Рубљов, но на крајот мораше да се помири со нов пораз, овојпат во три сета со 6:2/6:7(4)/6:0.

Наместо традиционалното фрлање паричка за да се утврди кој ќе сервира прв во мечот, организаторите на Србија опен, се решија во чест на православниот Велигден, Србинот и Русинот да се соочат прво со вапцани јајца. Тука Ѓоковиќ беше подобар, но на теренот, Рубљов ја потврди својата одлична форма.

Рубљов во првиот сет направи два брејка за да го освои по само 36 минути игра, по што следуваше битка за секој поен во вториот сет – Ѓоковиќ поведе со 2:0, па веднаш загуби брејк за да одиграат два маратонски гема и во тај-брејкот Србинот да победи со 7:4. Меѓутоа, во третиот сет, играта на Србинот колабираше, и Рубљов освои шест гема во низа за да ја освои својата трета титула во 2022 и 11. во кариерата.

Ѓоковиќ, пак, не успеа да ја одбрани титулата и играше крајно нестабилно на турнирот, откако трипати во претходните мечеви се враќаше од сет негатива, поставувајќи многу неодговорени прашања за неговата форма пред гренд слем турнирот на Ролан Гарос во Париз.

Share
Scroll to Top