Најдобриот светски тенисер, Новак Шоковиќ, утре против Данил медведев ќе се бори за титулата на Ју-ес опен. Ѓоковиќ, во полу-финалето, по голема борба го победи Александар Зверев со 3:2 (4/6, 6/2, 6/4, 4/6, 6/2).
Зверев по мечот не штедеше комплименти за играта на Ѓоковиќ,а Србинот открил каква порака му испратил Германецот.
„Ми посака среќа и другарски ми порача дека ќе ме „претепа“ доколку во недела не ја освојам титулата. Настрана шегата, ние навистина добро се согласуваме и навистина е убаво од него што ми испрати таква поддршка и на мрежата по мечот и во соблекувалната“, рекол Ѓоковиќ.
Доколку, српскиот тенисер во недела ја освои титулата, ќе го комплетира календарскиот гренд слем.