(Видео) Снимка од Ѓоковиќ од Австралија покажува во каква состојба е тенисерот по повредата

Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира

пред 1 година

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха.

Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво.

Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2.

Натпреварот траеше час и 35 минути игра.

Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспор.

Share
Scroll to Top