Ѓоковиќ не кажува дали ќе се вакцинира: Јас сум за право на избор

Ѓоковиќ не кажува дали ќе се вакцинира: Јас сум за право на избор

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ вели дека не е сигурен дали ќе се вакцинира против корона вирусот, откако по пласманот во полуфиналето на Србија опен изјави дека е „поддржувач на правото на избор“ и додаде дека нема да биде на ниту една страна.

На Србија опен, каде што директор е неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ, тенисерите имаа опција да се вакцинираат, но освојувачот на 18 гренд слем титули не откри дали бил меѓу тие кои се решиле на ваков потег.

„Многу луѓе сакаат да се вратат на нормалниот живот, каков што беше претходно, и да спречат да се шири епидемијата. Го сфаќам тоа, се работи за голема одговорност. Но, кога се работи за вакцините, секогаш сум бил поддржувач на правото на избор и на лична слобода. Не сакам да се вклучувам во тоа во моментов. Ако кажам да или не, ќе бидам поставен во една група, а има многу конфликт меѓу тие кои се вакцинираат и тие кои не сакаат да се вакцинираат. Ве молам да ја почитувате мојата одлука. Не сум доктор, ниту виролог за да зборувам за тоа со многу познавање, но има различни мислења. Слободата на избор е многу важна“, вели Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top