Ѓоковиќ се откажа од Роџерс купот

Ѓоковиќ се откажа од Роџерс купот

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, нема да учествува на Роџерс купот во Торонто. Одлуката на Ѓоковиќ е логична бидејќи овој Мастерс започнува пет дена по завршувањето на Олимпискиот турнир.

Мечот за златниот медал, во Токио, ќе се одржи на 1.август, а Роџерс купот ќе започне на 5.август.

Покрај Ѓоковиќ, Роџерс купот сигурно ќе го пропуштат Доминик Тим, Стен Вавринка и Давид Гофан.

Ѓоковиќ во кариерата четири пати победувал на Мастерсот во Канада, во 2007, 2011, 2012 и 2016 година.

Share
Scroll to Top