Ѓоковиќ ќе стане најдобриот на сите времиња

Ѓоковиќ ќе стане најдобриот на сите времиња

пред 5 месеци

Новак Ѓоковиќ. сигурно, ќе биде број 1 на АТП листата до 8.март наредната година, со што ќе го урне рекордот на Роџер Федерер. Српскиот тенисер за неколку месеци ќе стане тенисер со најмногу минати недели на првото место, на АТП листата, во историјата на тенисот.

Новак Ѓоковиќ настапот на Завршниот мастерс во Лондон го заврши во полу-финалето, но сепак успеа да освои нови 200 поени, за разлика од него Рафаел Надал, кој испадна во истата фаза, не освои ниту еден поен.

Ѓоковиќ годината ја заврши со 12.030 поени. Надал на второто место има 2.180 поени помалку од него, а трето пласираниот Доминик Тим од Ѓоковиќ има речиси 3.000 поени помалку.

Ѓоковиќ и да не одигра ниту еден турнир во почетокот на март наредната година ќе влезе во историјата на тенисот. Причината за тоа е одлуката на АТП да го смени начинот на бодување додека трае пандемијата со коронавирусот. Новаќ Ѓоковиќ на 8.март 2021 година ќе ја започне својата 311 недела како светски број 1.

АТП, Топ 10:

Share

WCOStream dubbed anime: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 197

KissAnime dubbed anime: Attack on Titan Season 3 Episode 12

Scroll to Top