Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е снимен како разменува бакнежи со Марија Гвардиола, ќерката на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Фотографијата ја објави магазинот „Сан“.
Очевидците за „Сан“ изјавиле дека фудбалерот и ќерката на менаџерот не се ниту обиделе да ги сокријат емоциите во јавноста.
„Не им беше гајле за она што се случува околу нив. Сите ги видоа како си разменуваат бакнежи“, изјави очевидец за „Сан“.