Јувентус без половина тим против Лацио

Јувентус без половина тим против Лацио

пред 2 месеци

Тијаго Мота, на прес конференцијата пред натпреварот со Лацио, на новинарите им откри дека се соочува со големи проблеми. Мота не може да смета на шест фудбалери.

Јувентус во дербито ќе биде без суспендираниот Франсиско Консеисао, додека повредени се Теун Купмајнерс, Аркадиуш Милик, Глеисон Бремер, Нико Гонзалес и Вестон Мекени.

Од друга страна, Мота истакна дека ќе може да смета на двајца играчи кои до пред некој ден беа под знак прашалник, Тимоти Веа и Николо Фаџоли.

Двата тима имаат три бода помалку од водечкиот Наполи кој со 16 е лидер на табелата во Серија А.

Натпреварот започнува во 20.45 часот.

Share
Scroll to Top