Зидан: Не е точно дека не го сакам Јовиќ во тимот

Зидан: Не е точно дека не го сакам Јовиќ во тимот

пред 4 години

На задолжителната прес-конференција пред натпреварот со Кадиз во Ла Лига, тренерот на реал Мадрид, Зинедин Зидан, повторно морал пред медиумите да говори за статусот на Лука Јовиќ.

Дуелот со Кадиз е прв за Реал по репрезентативната пауза.

„Трениравме без 12 или 14 фудбалери, но важно е дека сите тие се вратија здрави. Утре не очекува натпревар, тоа е првиот од серијата на седум натпревари. Кадиз е дисциплинирана екипа, нема да ни биде лесно“, рекол Зидан.

Новинарите му поставиле неколку прашања поврзани со фудбалерите кои не се во Реал. Зидан рекол дека не знае дека Реал во 2013 година се обиделд а го донесе Меси, а ги избегнал прашањата поврзани со Ерлинг Халанд и Антоан Гризман.

Прговорил за Лука Јовиќ, кога еден од новинарите го прашал „како да се мотивира играч кого тренерот не го сака“.

„Тоа не случај. Јовиќ е играч на Реал. Го прашав Јовиќ и сега сите можат да имаат свое мислење. Да се зборуваат работи кои немаат врска со реалноста е компликувано. Не е точно дека не го сакам во тимот, ништо од тоа не е точно“, рекол Зидан.

Јовиќ од почетокот на сезоната одигра два натпревар, против Бетис и Ваљадолид.

Share
Scroll to Top