Јувентус ги започнале преговорите со фудбалер, за кого се шпекулираше дека има договор со Барселона. „Калчомеркато“, тврди, дека Јувентус води во трката за потписот на Мефис Депај.
Капитенот на Олимпик Лион, по завршувањето на сезоната, без обесштетување, ќе го напушти клубот.
Според „Калчомеркато“, трансферот во Јувентус може да пропадне само доколку „старата дама“ не се пласира во Лигата на шампиони.
Депај, за Лион, има одиграно 175 натпревари, постигнал 74 голови.