Јувенус се на добр пат да му го расипат на Милан договорениот трансфер, на талентираниот Бразилец, Каио Жорге.
Милан со Сантос веќе го договориле трансферот на талентираниот 19-годишен напаѓач, но тоа не значи дека тој на крајот ќе заврши на „Сан Сиро“ во Милано.
Според италијанските медиуми, во трката за потписот на младиот Бразилец се вклучиле и челниците на Јувентус и многу е веројатно тој да се пресели во Торино.
Цената која ја постави Сантос за напаѓачот изнесува 12 милиони евра.
Каио Жорге, досега за Сантос одиграл 26 натпревари, постигнал седум голови.