Џордан „трие раце“ – за еден викенд 6 милиони евра ќар од дресот на Меси

Џордан „трие раце“ – за еден викенд 6 милиони евра ќар од дресот на Меси

пред 3 години

Трансферот на Лео Меси од Барселона во ПСЖ одекна силно во светот, а првата вечер од неговото доаѓање во Париз во продажба беа пуштени 150.000 дресови со неговото презиме и со бројот 30 на грбот. Онлајн беа распродадени за само 7 минути.

Продажбата на дресовите на Меси со новиот клуб оди со вртоглава брзина, а информациите се дека до сега се продадени дресови за 120 милиони евра.

За ПСЖ припаѓа 10% од тој износ, а посебно интересен е податокот што серизни пари за еден викенд заработи и легендарниот Мајкл Џордан.

Имено, неговата компанија „Air Jordan“ ги произведува дресовите и според договорот, има право на 5% заработка од продажба на дресовите. Тоа во овој момент, неофицијално, изнесува 6 милиони евра за еден викенд.

Вистинската „потера“ по новиот дрес на ПСЖ со број 30 се очекува да стартува откако Аргентинецот ќе дебитира за парискиот клуб.

Share
Scroll to Top