Аврам Грант ќе му биде советник на Лампард во Челси

Аврам Грант ќе му биде советник на Лампард во Челси

пред 3 години

Израелскиот фудбалски стратег, Аврам Грант овој месец би можело да се врати во редовите на Челси, но само како советник на актуелниот менаџер, Френк Лампард.

Како што пренесуваат медиумите на Островот, поранешниот шеф на стручниот штаб на „сините“ од Лондон е на листата на желби на сопственикот на клубот, Роман Абрамович. Информациите се дека на овој начин Русинот сака да му помогне на Лампард да „го испече занаетот“.

Грант на чело на клупата на Челси беше во сезоната 2007/08 и со Лампард во составот беше поразен во финалето од Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед, на пенали.

Share
Scroll to Top