Агентот на Озил: Артета не е искрен, навивачите ја заслужуваат вистината!

Агентот на Озил: Артета не е искрен, навивачите ја заслужуваат вистината!

пред 4 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не беше искрен кога зборуваше за причините поради кои Месут Озил е изоставен од тимот, тврди менаџерот на фудбалерот, Еркут Согут. Озил е најплатениот играч на „топчиите“, но не се најде на списокот на играчи пријавени за Лига Европа и Премиерлигата.

„Мојата совест е мирна затоа што бев фер. Одлуката е чисто фудбалска. Комунициравме, знаевме што да очекуваме еден од друг. Мојата работа е да извлечам најдобро од секој играч, мислам дека потфрлив кога се работи за Месут“ – објасни Артета.

Сепак агентот на фудбалерот тврди дека тоа не се вистинските причини.

„Навивачите на Арсенал заслужуваат да ја знаат вистината, не тоа што го зборува Артета. Тој не беше фер, искрен и транспарентен, не се однесуваше со почит кон некој кој има договор и кој е верен на клубот. Сите знаат дека во клубот не беа фер кон Озил. Не му дадоа шанса да се докаже“ рече Согут.

Менаџерот смета дека заслужува шанса да се бори за место во тимот.

„Сите велат дека тренира добро. Разговарав со најмалку петмина негови соиграчи, сите рекоа дека Месут е еден од најдобрите и дека не разбираат зошто не е на списокот“ вели Согут.

Договорот на Озил со „топчиите“ е до идното лето.

Share
Scroll to Top