Агуеро за малку пари ќе игра за Барселона

Агуеро за малку пари ќе игра за Барселона

пред 4 години

Серхио Кун Агуеро од наредната сезона ќе биде играч на Барселона. Каталонските медиуми ги објавија условите од договорот кој треба да биде потпишан по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.

Агуеро се согласил да игра за Барселона, за значително помала плата од онаа што ја има во Манчестер сити. Аргентинецот за двегодишниот договор ќе добие 10 милиони евра. За споредба. во Манчестер сити тој на годишно ниво заработувал 12 милиони евра.

Агуеро десет години е играч на Манчестер сити, во овој период тој стана најдобра клупски стрелец. Одиграл 388 натпревари, постигнал 258 голови.

Инаку, Кун Агуеро, по десет години се враќа во Ла Лига, каде во минатото го носеше дресот на Атлетико Марид.

Share
Scroll to Top