Серхио Кун Агуеро (33) од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Двете страни постигнале договор, кој ќе биде официјалзиран по завршувањето на финалниот натпревар во Лигата на шампионите.
Агуеро во Барселона ќе игра со својот голем пријател и кумашин Лионел Меси. За да си ја исполни желбата, Агуеро се согласил да игра за помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер сити. Во Англија, Аргентинецот играше за 12 милиони евра по сезона.
Кун Агуеро по 10 години се враќа во Ла Лига, каде во минатото го носеше дресот на Атлетико Мадрид.
Манчестер сити ќе го напушти како легенда, тој е најдобар стрелец во клупската историја со 258 голови.