Адеми: Оваа титула со Динамо ми е најдрага, ја освоив во родниот град

Адеми: Оваа титула со Динамо ми е најдрага, ја освоив во родниот град

пред 3 години

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, освои уште една шампионска титула и веќе е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на клубот. Вели дека оваа му е посебно драга затоа што ја освои во родниот град Шибеник.

„Мило ми е што се случи вака, најдрагата титула да ја славам во родниот град. Заслужено победивме и мислам дека ова првенство беше многу интересно и возбудливо до самиот крај. Сезонава сè уште не сме го победиле Хајдук, веруваме дека ќе успееме во последното коло и на вистински начин ќе ја прославиме титулата“, изјави Адеми.

Во Динамо Загреб настапува и капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски.

Share
Scroll to Top