Адејеми се договорил со Барселона

Адејеми се договорил со Барселона

пред 7 часа

Карим Адејеми наскоро би можел да стане нов играч на Барселона.

Каталонскиот клуб постигна усмен договор со напаѓачот и сега е во интензивни преговори со Борусија Дортмунд за да ја утврди конечната цена на трансферот.

Адејеми е желба на Ханси Флик, кој верува дека играчките карактеристики на фудбалерот на Дортмунд совршено се вклопуваат во идејата за играта што има намера да ја имплементира во Барселона.

Името на Адејеми и претходно се поврзуваше со Барселона, дури и кога играше за РБ Салцбург.

Тој има договор со Борусија до 2027 година, што го става германскиот клуб во ситуација каде што мора да преговара за да ги избегне ризиците играчот да влезе во последната година од договорот, а потоа да си замине бесплатно. Се верува дека преговорите ќе бидат релаксирани за двете страни и поради фактот што Адејеми не е во добри односи со тренерот на „милионерите“, Нико Ковач.

Минатата сезона, Адејеми постигна десет гола и имаше шест асистенции во 39 одиграни натпревари. Според „Трансфермаркт“, неговата цена се проценува на околу 40 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top