Нова повреда во Ливерпул

Нова повреда во Ливерпул

пред 3 години

Нова недела и нов повреден играч во Ливерпул. Англиските шампиони се најголемите малери од почетокот на сезоната во Англија.

Според информациите Диого Жота го повредил коленото. Португалецот нема да биде во тимот против Фулам а колкава пауза го очекува ќе биде познато утре, кога ќе му биде извршен преглед со магнетна резонанца.

Ливерпул, во преодниот рок, за Жота на Вулверхемтон им платија 40 милиони фунти. Неговиот ангажман се покажа како пол погодок, на 17 натпревари сезонава веќе има постигнато девет голови.

Share
Scroll to Top