Азар: Анчелоти во Реал? Тоа е добра вест за мене

Азар: Анчелоти во Реал? Тоа е добра вест за мене

пред 3 години

Еден Азар се надева дека со доаѓањето на Карло Анчелоти, ќе успее да се врати во вистинската форма. Белгиецот во 2019 година, од Челси пристигна во Мадрид за 115 милиони евра. Во првите две сезони не успеа да ги оправда очекувањата.

„Тренерот Карло со оваа група ја има освоено Лигата на шампиони, познава поголем број од играчите. Анчелоти го познава градот, ги познава навивачите. Мислам дека заедно можеме да постигнеме големи резултати“, рекол Азар.

„Лично не го познавам, сум слушнал дека е добар лик и дека сака да победува, тоа го сакаме сите ние. Ќе имаме можност да соработуваме, неговото доаѓање е добра вест за мене“.

Анчелоти, во првиот мандат, го предводеше Реал од 2013 до 2015 година.

Share
Scroll to Top