Реал Мадрид забележа убедлива победа над Уеска (4:1) во осмото коло, во Ла Лига. На некомплетната табела Реал се искачи на челната позиција со 16 бодови. Мечот го обележа враќањето на Еден Азар, кој постигна брилијантен гол, со кој го отвори резултатот. Белгиецот го постигна првиот гол за Реал по пауза од 392 дена. Реал, против Уеска, ја прекина серијата од два порази на домашен терен. „Кралскиот клуб“, пред овој меч забележа два сензационални порази во Мадрид, од Кадиз во Ла Лига и од Шахтјор во Лигата на шампоните. Реал победата ја обезбеди во финишот на првото полувреме. Азар во 40 минута испрати проектил во мрежата на Уеска, а пет минути подoцна на 2:0 зголеми Бензема. Третиот гол за „кралскиот клуб“ го постигна Валверде во 54 минута. Почесниот гол за Уеска го постигна Фереиро во 74.минта, а конечните 4:1, со својот втор гол, ги постави Бензема во последната минута од натпреварот.
Азар се врати со гол – Реал ја декласира Уеска
пред 4 години