Румениге: Што ќе ни е Халанд, па ние го имаме најдобриот во светот!

Румениге: Што ќе ни е Халанд, па ние го имаме најдобриот во светот!

пред 3 години

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајн Румениге порача дека нема вистина во тоа дека германскиот шампион е заинтересиран за услугите на Ерлинг Халанд кој е фудбалер на лутиот ривал – Борусија Дортмунд.

Со денови се споменуваат можните дестинации каде Норвежанецот би можел да замине, но Румениге смета дека Минхен не е една од опциите.

„Не знам од каде дојдоа тие гласини за Халанд и за нас. Можам да кажам само едно – ние го имаме најдобриот светски играч на оваа позиција. Роберт Левандовски под договор е до 2023 година“ изјави Румениге за „Спорт Билд“.

Иако Халанд е 12 години помлад од Полјакот, сепак Румениге вели дека Левандовски е во зенитот на кариерата.

„Левандовски е најдобар светски играч и е на добар пат да го сруши рекордот на Герд Милер од 40 сезонски гола во Бундеслигата“ рече тој.

За норвешкиот голгетер се интересираат пред се Манчестер Сити, Челси, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Share
Scroll to Top