„Азар ќе биде најдобриот играч на ЕУРО 2020“

„Азар ќе биде најдобриот играч на ЕУРО 2020“

пред 3 години

Еден Азар е тема во шпанските и белгиските медиуми. Азар, во понеделникот, доживеа нова повреда, предвидувањата се дека нема да игра повеќе оваа сезона, а според некои медиуми тој ќе го пропушти и ЕУРО 2020.

Во врска со Азар се огласи и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. Тој рекол дека нема некакви несогласувања помеѓу Фудбалскиот сојуз на Белгија и Реал околу рехабилитацијата на Азар.

И покрај лошите прогнози, Мартинез верува дека Азар ќе настапи на ЕУРО 2020.

„Белгија не води никаква војна со Реал. Сите сакаме Азар да биде здрав. Мислам дека оваа ситуација може да се реши многу пред почетокот на ЕУРО 2020. Дотогаш има уште доволно време. Верувам дека Азар ќе биде најдобар играч на Европското првенство“, рекол Мартинез.

Азар, од трансферот во 2019 година, во Реал доживеа 11 повреди, четири од нив од почетокот на оваа сезона. Реал за него платија 100 милиони евра.

„Познавајќи го Еден, ова е шок, никогаш претходно не се повредувал толку. Сега треба да бидеме внимателни, не треба да правиме избрзани работи. Сега треба да заборавиме на несогласувањата. Сите мораме да преземеме одговорност, и Фудбалскиот сојуз на белгија и клубот за кој што настапува Азар. Ваѓно е секојдневно да ја следиме рехабилитацијата. Оптимист сум, верувам дека ќе го видиме Азар во неговото најдобро издание и пред почетокот на Европското првенство“, заклучил селекторот на Белгија.

Еден Азар од 2019 година досега за Реал одиграл само 39 натпревари, на кои постигнал четири гола.

Share
Scroll to Top