Ако Дембеле вечерва одигра 1 секунда, Барса ќе мора да плати 5 милиони евра

Ако Дембеле вечерва одигра 1 секунда, Барса ќе мора да плати 5 милиони евра

пред 3 години

Пред 4 години Усман Дембеле дојде на „Камп Ноу“ од редовите на Борусија Дортмунд за трансфер тежок 140 милиони евра плус бонусите кои доаѓаат за наплата.

Барселона во рамки на Ла Лига вечерва игра против Алавес, па ако Дембеле одигра барем една секунда, каталонскиот клуб на „милионерите“ ќе треба да им исплати дополнителни 5 милиони евра во рамки на бонусот кој е во договорот што Французинот го потпиша при преминот во Каталонија.

Тогаш се договориле дека Барса на Борусија ќе мора да и плати 5 милиони ако Дембеле одигра 100 мечеви за тимот.

Досега францускиот интернационалец има 99 настапи на кои постигнал 25 гола, а има и 20 асистенции.

Share
Scroll to Top