Ако Де Лаурентис дозволи, Милик се сели во Мадрид

Ако Де Лаурентис дозволи, Милик се сели во Мадрид

пред 4 години

„Јорганџиите“ останаа без Диего Коста, но неговото место во тимот на Диего Симеоне експресно може да го заземе полскиот голгетер од Наполи, Аркадиуш Милик, тврди шпански „АС“.

Не е првпат Полјакот да се поврзува со Атлетико, но сега се отвора простор за реализација на трансферот. Милик не е ниту регистриран за настап сезонава во Наполи што претставува казна поради тоа што не сакаше да го продолжи договорот со италијанската екипа.

Аурелио де Лаурентис, првиот човек на калчолигашот од Неапол е одличен преговарач, па од мадридскиот клуб бара 15 милиони евра, додека пак од Атлетико не сакаат да слушнат за понуда над 8 милиони евра.

Останува да се види кој и дали воопшто некој ќе попушти.

Пред ова, Милик имаше договор со Рома, ги помина и лекарските прегледи, но транферот вреден 20 милиони евра пропадна во последен момент. Во Наполи дојде пред 4 сезони за 32 милиони евра.

Share
Scroll to Top