Фудбалскиот сојуз на Србија богато ќе ги награди репрезентативците доколку успеат да се пласираат на Европското првенство. Србија на 12 ноември во Белград во решавачкиот натпревар ќе ја пречека Шкотска.
Доколку репрезентацијата се пласира на ЕП, Сојузот секој играч ќе го награди со 100.000 евра.
Србите минатата недела со победата над Норвешка изборија дуел со Шкотска. За таа победа секој играч бил награден со 25.000 евра.
Ако Србија избори пласман на континенталниот шампионат Фудбалскиот сојуз од УЕФА ќе добие околу 10 милиони евра.
Инаку победникот од натпреварот помеѓу Србија и Шкотска на ЕП ќе игра во групата со Англија, Хрватска и Чешка.