Ако стане прв човек во Барсa, ќе ги донел Мбапе, Нејмар и Халанд!?

Ако стане прв човек во Барсa, ќе ги донел Мбапе, Нејмар и Халанд!?

пред 3 години

Кандидатот за претседател на Барселона, Емили Русад рече дека ќе се активира на „Ноу Камп“ да ги донесе Килијан Мбапе од ПСЖ и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Претседателските избори во ФК Барселона ќе се одржат на 24 идниот месец, а Русад од порано најави дека планира и Нејмар да го врати на „Ноу Камп“ откако Бразилецот во 2017 токму од Каталонија се пресели во Париз. Тој се „потпира“ на помошта на Жозеп Марија Мингуел кој во Барселона ги донел Ривалдо, Меси и своевремено Марадона.

Нејмар планира да го доведе по летото 2022 годинa кога му истекува договорот со „Светците“, додека за Мбапе и Халанд кандидатот за прв човек во клубот не прецизираше кога планира да ги доведе

Ривал на Русад во претседателската трка ќе му биде Виктор Фонт кој, пак, најави дека функции во клубот ќе има за Чави Ернандез и Жорди Кројф. Тие најверојатно би биле во функција на тренер, односно спортски директор.

Share
Scroll to Top