Албон сигурен дека останува во Ред бул: Не се враќам во Алфа Таури

Албон сигурен дека останува во Ред бул: Не се враќам во Алфа Таури

пред 3 години

Иако повеќе од половина Ф1 сезона се зборува дека Александер Албон ќе добие „шут-карта“ од Ред бул, Британецот со тајландски пасош тврди дека и следната сезона ќе вози за „бикот“ и дека нема шанси да се врати во јуниорскиот Алфа Таури.

„Не, не би се согласил да се вратам во Алфа Таури. Мислам дека сон на сите возачи е да бидат во врвен тим, а тој тим е Ред бул рејсинг и дефинитивно останувам тука“, вели Албон.

Ако навистина планира да го заддржи местото, Албон мора да ги крене своите перформанси бидејќи од подиумот во Муџело има освоено само еден поен во четири трки – со 10., 12. и 15. место и едно излетување. Во квалификациите тој не е ниту блиску до Макс Ферстапен, но не е загрижен од шпекулациите.

„Секогаш се зборува, но на крајот работите остануваат исти и работата се врши на патеката. Се фокусирам на моето возење и на добри резултати, ништо друго не е важно“, вели Албон.

Share
Scroll to Top