Алварез на 23 годишна возрас ги освои сите трофеи во фудбалот

Алварез на 23 годишна возрас ги освои сите трофеи во фудбалот

пред 11 месеци

Фудбалерот на Манчестер сити, Хулијан Алварез успеа да ги освои сите фудбалски трофеи на само 23 години. Тој во интервју за медиумите истакна дека не планира да го менува клубот.

Алварез е фудбалер на Манчестер сити од 2022 година, а со англискиот клуб освои пет трофеи: Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Со Ривер Плата го освои Копа Либертадорес, а со аргентинската репрезентација стана шампион на Јужна Америка, а потоа и на светот на Мундијалот во Катар.

Оваа сезона тој е еден од најстандардните играчи на Манчестер сити, во чиј дрес одигра фантастичен натпревар во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА.

На тој меч Алварез постигна два гола и забележа една асистенција.

Поради сето ова, медиумите започнаа да го селат во Реал Мадрид и Барселона, но тој тврди дека нема да го менува клубот.

„Единственото нешто што е вистина е дека сум многу среќен во Манчестер сити. Во клубот сум нешто повеќе од една година. Многу сум среќен за тоа што успеавме да го направиме“, рече Алварез, а потоа додаде:

„Манчестер сити многу ми помогна од првиот момент. Многу се подобрив како играч и како личност, среќен сум во овој клуб. Целта е да продолжиме да победуваме и повторно да се обидеме да ги одбраниме сите трофеи“, заклучи Аргентинецот.

Алварез има договор со Манчестер сити до 30 јуни 2028 година.

Share
Scroll to Top