Алдервајрлед го напушти Тотенхем

Алдервајрлед го напушти Тотенхем

пред 4 години

Репрезентативец на Белгија, Тоби Алдервајрлед, го напушти Тотенхем. Алдервајрлед, шест години го носеше дресот на клубот од северен Лондон.

Ал Духаи од Катар ќе биде новиот клуб на Алдервајрлед. Белгиецот потпишал тригодишен договор. Тотенхем од неговиот трансфер заработи 15 милиони евра.

Интересно, пред шест години, истата сума Тотенхем им ја плати на Атлетико Мадрид за Алдервајрлед.

Новиот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, на позицијата на која игра Алдервајрлед, сака да го донесе Аргентинецот Кристијан Ромеро од Аталанта.

Share
Scroll to Top