Алекс Баена во две години ги освои трита најзначајни титули во репрезентативниот фудбал

Алекс Баена во две години ги освои трита најзначајни титули во репрезентативниот фудбал

пред 16 часа

Шпанската фудбалска репрезентација доминантно го освои Светското првенство, триумфот на „црвената фурија“ донесе и индивидуален подвиг што ќе се памети со генерации.

Алекс Баена влезе во историјата како првиот фудбалер што ги освои трите најголеми репрезентативни натпреварувања, Европското првенство, Олимписките игри и сега Светското првенство.

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид комплетираше неверојатна колекција трофеи за само две години, постигнувајчи рекорд каков што никогаш не е виден во светскиот фудбал.

Сè започна во летото 2024 година, кога Баена беше дел од шпанската репрезентација што го освои Европското првенство во Германија под водство на Луис де ла Фуенте. Таа генерација го врати континенталниот трон на Шпанија и најави големи работи.

Сепак, Баена не застана тука. Набргу потоа, тој се приклучи на олимпискиот тим предводен од Санти Дени, а Шпанија го освои олимпискиот турни во Париз.

Неговиот подвиг е особено вреден поради фактот што ги освои сите трофеи еден по друг. Имаше фудбалери кои успеаја да ги освојат сите големи национални натпреварувања во текот на својата кариера, но никој пред него не успеа да ги спои за толку краток временски период.

Пред Баена, најблиску до тоа достигнување беа Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Аргентинските фудбалери го освоија олимпиското злато во Пекинг во 2008 година, потоа Копа Америка во 2021 и 2024 година, како и Светското првенство во Катар во 2022 година.

Сепак, помина повеќе од една деценија помеѓу нивните најголеми успеси, додека Баена ја постигна својата историска серија практично во еден репрезентативен циклус.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top