Алжирски џудист доби 10-годишна суспензија за одбивање на меч со Израелец

Алжирски џудист доби 10-годишна суспензија за одбивање на меч со Израелец

пред 3 години

Алжирската џудо-ѕвезда Фети Нурин и неговиот тренер добија 10-годишна суспензија од Интернационалната џудо федерација (ИЈФ) за „промоција на политичка и религиона пропаганда“ со тоа што тој одбил да се натпреварува против израелски противник на Олимпијадата во Токио.

Нурин требаше да се бори со Мохамед Абдалрасол од Судан на олимпискиот турнир до 73 килограми, а победникот ќе се судреше со Израелецот Тохар Бутбул. Откако Нурин јасно ја искажа поддршката за Палестина и најави дека нема да се натпреварува против Израелецот, националниот олимписки комитет му ја повлече акредитацијата и го повлече од Олимпијадата.

Според ИЈФ се работи за мешање на политиката во спортот, и го суспендираа Нурин до 23 јули 2031 година. Тие посочија дека ова не е прва ваква одлука на Нурин, кој во 2019 се повлече од СП (исто така во Токио), откако постоеше можност да се бори со Израелец.

Share
Scroll to Top