Алиоски: Сакам да останам во Лидс јунајтед

пред 3 години

Македонскиот репрезентативец Езџијан Алиоски, за британските медиуми изјавил дека сака да остане во Лидс јунајтед. Договорот на Алиоски со клубот од „Илан роуд“, истекува на 30.јуни 2021 година. Алиоски открил дека засега нема разговори со клубот околу евентуалното продолжување на неговиот договор. Доколку Лидс јунајтед до крајот на месецов не му понудат нов договор, Алиоски од 1.јануари ќе можа да преговара со други клубови. „Само Лидс е во мојата глава. Ќе бидиме што ќе се случи. Сакам да останам, но ова се работи кои треба да ги решат други луѓе. Јас сакам да се фокусирам на фудбалот. Секој ден уживам во мојот престој во Лидс“, рекол Алиоски. Македонскиот репрезентативец, игра во добра форма од почетокот на сезоната. Последните два натпревари ги одигра од почеток до крај и беше еден од најдобро оценетите играчи на Лидс јунајтед. Алиоски е играч на Лидс јунајтед од 2017 година.

Share
Scroll to Top